Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Утврден идентитетот на опожареното лице во Градскиот парк

Актуелно

Утврден идентитетот на опожареното лице во Градскиот парк

Според извршената идентификација, Министерството за внатрешни работи потврди дека опожареното лице во Градскиот парк во Скопје е 45-годишната скопјанка Р.С., соопшти денеска државното Јавно обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје вчера извршил увид во Градскиот парк на местото каде беше пронајдено опожареното тело на женско лице. Од местото, како што се наведува во соопштението, е подигнат доказен материјал, за кој јавниот обвинител издал наредба за криминалистичко – техничко вештачење, како и наредба за обдукција на телото.

Јавниот обвинител извршил и разговор со едно лице кое било сведок на настанот. Сведокот, како што стои во соопштението, го слушнал пискотот на сега починатата во моментот додека горела и повикал екипа на Брза помош со која комуницирала до нејзиното доаѓање на местото на настанот.

Основното јавно обвинителство – Скопје работи на утврдување на причините на настанот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.