ФОТО: ФЕЈСБУК

Актуелно
Вчерашниот земјотрес најсилен после тој во 1963 година
Земјотресот кој вчера попладне го стресе Скопје, според официјалните податоци бил најсилен земјотрес, по оној во 1963.
Неколку минути после 15 часот земјотрес со епицентар во Скопско на длабочина од 10 километри, го погоди главниот град со сила од 5,3 степени.
Граѓаните во паника ги напуштија домовите. Велат дека ваков страв одамна немаат почувствувано. Траеше кратко но ударот бил застрашувачки.



