Актуелно
Ветерни електрани „Богданци“ почна со редовно производство на струја
Паркот на ветерни електрани „Богданци“ лоциран во месноста Ранавец крај Богданци, влезе во редовно производство на електрична енергија по успешно поминатите процедури на тестирање на опремата и нејзините перформанси.
Во посета на паркот денеска беше претседателот на Владата Никола Груевски и директорот на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски.
Во периодот од вклучувањето во пробна работа во април лани, до почетокот на јули годинава, овој капацитет е прв што користи ветер како погонска сила иако во тест производство кон електроенергетскиот систем на земјава испорача над 135 илјади мегават часови електрична енергија.



