Вести
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Променливо облачно со сончеви периоди, во недела пороен дожд
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Околу пладне и попладне ќе има повремени врнежи од дожд особено во крајните западни и источни делови каде што е можна и ретка појава на грмежи.
Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 16 до 23 степени.



