УХМР: Топлотниот бран ќе продолжи и за време на викендот
Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од 14 до 23 степени, а дневната од 30 до 41 степен.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 20 степени, а дневната до 39 степени и УВ индекс 9.
Земјава и денеска ќе биде под влијание на топол бран со високи температури од портокалова фаза, поради што надлежните апелираат да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, да се ослободат од работните обврски најранливите групи, вклучувајќи ги бремените жени, како и лицата на возраст над 60 години, а децата од градинките да не се изнесуваат на отворено од 11 до 17 часот.

