Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ БЕЗ ПОТРЕБА: Сончево со температури и над 40 степени

Временска прогноза

НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ БЕЗ ПОТРЕБА: Сончево со температури и над 40 степени

НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ БЕЗ ПОТРЕБА: Сончево со температури и над 40 степени

УХМР најавува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 41 Целзиусов степен.
УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 40 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Најтопло ќе биде утре и во петок кога температурата на места на југоистокот ќе го надминува и 40-тиот степен. И покрај топлото време во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Временска прогноза

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.