Вести
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Сончево, попладне можен локален дожд
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и грмежи, особено на исток и североисток.
Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 24 до 30 степени.
Во Скопје слично време, сончево, од попладневните часови со услови за појава на краткотрајна нестабилност и понекаде со повремен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 29 степени.



