Вести
Викенд временска прогноза: Претежно стабилно, сончево и потопло
Сончево и малку потопло време ќе преовладува денеска во Македонија. Преку ден ќе дува слаб, а наместа умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од два до 12, а дневната од 22 до 28 степени.
Во Скопје времето ќе биде слично со утринска температура до осум, а дневна до 26 степени.


