Вести
Времето денес: Сончево и потопло, температура до 24 степени
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 18 до 24 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје слично време. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 21 степен.


