Вести
ВНИМАТЕЛНО НА СОНЦЕ: Сончево и многу топло, до 37 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло.
Попладне на повеќе места ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, не е исклучено локално овие процеси да бидат и поинтензивни. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервалот од 11 до 20 степени, а дневната од 30 до 37 степени.



