Вести
ВНИМАТЕЛНО НА СОНЦЕ: Сончево и многу топло, до 40 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и со умерен југозападен и јужен ветер.
Попладне можна е локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе изнесува 9. Минималната температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната максимална од 33 до 40 степени.
Во Скопје слично време со температура до 39 степени.



