Вести
Заев ја потпиша Мостарската повелба за мир и ја прими наградата „Мostar Peace Connection“
Претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ синоќа во Мостар на македонскиот премиер Зоран Заев му ја врачи наградата „Мostar Peace Connection“ како благодарност за придонесот за воспоставување регионална соработка.
На свеченоста „Мостар не ги заборава своите пријатели 2017“ по повод 13-годишнината од обновувањето на Стариот мост во Мостар, премиерот Заев ја потпиша и Повелбата за мир.
Заев изрази благодарност за наградата и истакна дека му е голема чест што ја потпиша Мостарската повелба за мир. Стариот мост во Мостар, додаде Заев, претставува симбол на мирот, на меѓурелигиската и меѓуетничката соработка, како и на соработката во регионот.



