Вести
Во 13 сообраќајки вчера во Скопје еден загинат, десет повредени
Возач на патничко моторно возило загинал, а со тешки телесни повредни се здобиле двајца сопатници во една од вкупно 13 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден.
Пешак со тешки телесни повреди се здобил во една, а во пет сообраќајки со полесни повреди се здобиле седум лица. Во шест сообраќајки била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Четириесет и осум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на пешаците на пешачки премин, пет возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, како и тројца возачи за не користење на заштитен шлем на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл.



