Вести
Во инцидентот во Мала Речица убиен член на ДУИ, приведени четири лица
Во вооружениот инцидент што се случи вчера во тетовското село Мала Речица убиен е Неип Реџепи од огранокот на ДУИ во Куманово, а досега се приведени четири лица кои учествувале во престрелката.
Меѓу повредените лица, според очевидци, е и братот на Неип, Сабри Реџепи, кој, наводно, се здобил со лесна повреда на ногата.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) во соопштение до медиумите синоќа ги демантираше информациите дека во седиштето во Мала Речица имало пресметка или инцидент.



