Шоубиз
Анџелина го тужи ФБИ поради поранешниот сопруг Бред Пит
Со месеци се шпекулираше дека Анџелина Џоли поднела анонимна тужба против ФБИ уште во 2016 година, а сега е потврдено дека е вистина.
Актерката ја поднела тужбата под лажно име „Jane Doe“, во која вели дека Бирото за истраги и го одбило пристапот до записите поврзани со наводите дека нејзиниот „тогашен сопруг физички и вербално ги нападнал“ неа и нивните деца додека патувале со приватен авион.
Јавноста веднаш се потсети на инцидентот што се случи во 2016 година во приватниот авион на семејството Џоли-Пит, на пат од Франција кон САД, кога Бред имал жестока пресметка со својот најстар син Медокс. Неколку дена подоцна беше откриено дека Џоли поднела барање за развод, а се дозна и дека актерот бил под истрага од ФБИ и социјалните служби поради извештаите дека вербално и физички ги навредувал децата.






