Шоубиз
Скандал во центарот на Белград: Марија Шерифовиќ пцуе и удира по автомобилот (ВИДЕО)
На социјалните мрежи се рашири видео кое стана хит за краток период. На снимката е прикажана српската пејачка Марија Шерифовиќ (37) како вреска во центарот на Белград, пред автомобил запрен на сред пат.
Лицето кое го снимило видеото стоело на балконот од блиската зграда. На видеото се гледа дека Марија на сред пат го запрела автомобилот, излегла и пцуела на цел глас, а потоа се доближува до својот автомобил и удира со тупаница по прозорецот.
Марија изнервирана потоа влегува во автомобилот и вреска толку силно што се слуша дури и во зградата над која е паркирана.




