Актуелно
Во Прилеп изведен импровизираниот напад за потсетување на 11 Октомври
Прилеп синоќа ги почна централните чествувања по повод 11 Октомври и 75-годишнината од почетокот на Народноито востание.
По тој повод традиционално беше изведен импровизираниот напад на градот со богат огномет, како потсетување на настаните на 11 октомври 1941 година кога со нападот на тогашната полициска станица – Участакот од групите на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ беше означен почетокот на Востанието и четиригодишната Револуција.
На камената бина на плоштадот „Александрија“, празникот на прилепчани и на сите жители на Македонија им го честиташе градоначалникот Марјан Ристески нагласувајќи дека во предвечерјето на празникот гордо и со длабока почит се сеќаваме на сите борци кои учествуваа во големата борба за слободна на Македонија и кои своето утре го дадода за ние да го живееме нашето денес.Прилеп градоначалник



