Актуелно
Отворена големата купола во македонското собрание (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Во Собранието на Република Македонија вчеравечер беше означено завршувањето на реконструкцијата, надградбата и доградбата на објектот.
– После шест години, денес, конечно можеме со гордост да истакнеме дека најобемната и најсложената реконструкција, надградба и доградба на Собранието на Република Македонија е завршена, истакна во кусото обраќање претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски.
Во овие изминати шест години, додаде, градежните работи се изведуваа без притоа да биде нарушена работата на Собранието.






