Вести
Во Скопје наврнале 15 сантиметри снег
Најмногу снег во Македонија има во Лазарополе, 71 сантиметар, а најстудено е во Маврово, каде во седум часот изутрина се измерени минус осум степени. Висината на снежната покривка во Маврово е 64 сантиметри, 41 сантиметар во Пожаране, 29 во Берово, 28 Ѓуруште, 25 во тетово, 22 Крушево, 19 Битола, 18 Струмица, 15 Скопје Петровец, 14 Скопје, 12 Крива Паланка, 11 Тополчани….
Минус пет степени се измерени во Крушево, Лазарополе, Берово, -4 Пожаране, -3 Претор, Ѓуриште, Тетово, Тополчани, -2 Крива Паланка, Куманово, Струмица, Битола, Скопје, Прилеп, Скопје Петровец, -1 Демир Капија, а нула во Штип, Дојран, Охрид, Гевгелија, Виница.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи УХМР, времето во Македонија е облачно со повремени врнежи од снег, само на пониските места на југоисток, на југоистокот врнежите се од дожд и снег.



