Актуелно
Во Скопје вчера 8 сообраќајки, две лица повредени
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди.
Од нив, шест се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден работник кој се превезувал на задниот дел од специјално возило.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ кое се наоѓа во општина Центар.



