Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вонредна средба на лидерите на ЕУ по одлуката за Брегзит

Актуелно

Вонредна средба на лидерите на ЕУ по одлуката за Брегзит

Лидерите на ЕУ денеска ќе одржат вонредна средба посветена на резултатите од вчерашниот референдум во Велика Британија, на кој Британците се изјаснија за напуштање на Унијата, соопштија дипломатски извори во Брисел.

Според истиот извор, средбата ја свикал претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и на неа ќе присуствуваат првите луѓе на Европскиот совет и на Европарламентот, Доналд Туск и Мартин Шулц, како и холандскиот премиер Марк Руте, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

– Лидерите на Европската унија ќе се сретнат за да решат што да прават по шокирачката одлука, изјави немименуваниот дипломат, додавајќи дека четворцата високи претставници на Унијата ќе се обидат да ја „усогласат заедничката европска позиција по резултатите од британскиот референдум“.

За подоцна денеска е најавена и вонредна седница на Европската комисија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.