Венчаницата на принцезата Дијана изложена во палатата Кенсингтон
Венчаницата што покојната принцеза Дајана ја носеше на својата свадба пред 40 години ќе биде изложена во нивниот поранешен дом – палатата Кенсингтон.
Нејзините синови Вилијам и Хари со заедничка специјална дозвола го позајмиле овој бесценет фустан, дизајниран од Дејвид и Елизабет Емануел, за свадбената церемонија што се одржа во јули 1981 година.
Фустанот бил специфичен по сите мери од тоа време, особено поради фактот дека бил долг скоро осум метри и бил покриен со морски школки.



