Актуелно
Возачи со мигранти се обиделе да прегазат полицаец
Четириесет и деветгодишен штипјанец синоќа е приведен во Полициската станица во Велес поради обид да прегази полициски службеник со возило во кое имало седум мигранти, државјани на Сирија.
МВР соопшти дека Р.Д. (1966) управувајќи патничко моторно возило „Застава 101“ со велешки регистерски таблички не застанал на дадениот знак на полицаецот, кој бил во близина на Езерото Младост и се обидел да го прегази.
– Униформираниот полициски службеник од огнено оружје-пиштол, испукал еден куршум во правец на возилото, при што лицето кое го управувало возилото, застанало. Р.Д. е приведен во Полициската станица – Велес, а во возилото биле пронајдени седум мигранти државјани од Сирија, информира МВР.



