Актуелно
Возачот кој ја прегази 20-годишната Фросина на „Партизанска“ пуштен на слобода
20-годишната Фросина Ц. од Крива Паланка е девојката која вчера околу 20:50 часот беше прегазена од автомобил “хонда” со скопски таблички на “Партизанска” кај Униврзална сала, информираат од МВР.
Возачот на „хондата“, Љ.В. (26) по ударот побегнал од местото на несреќата, а дваесетина минути подоцна самиот се пријавил во полициската станица Ѓорче Петров.
Возачот на Хондата и покрај тоа што избегал од местото на несреќата, по распитот во полициска станица е пуштен на слобода. Според објаснувањето од истрагата, возачот не е задржан во притвор бидејќи таа мерка не е предвидена за вакво кривично дело.



