Актуелно
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со мала облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а во претпладневните часови долж Повардарјето и по одделни котлини и речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност.
Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од 10 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаба утринска магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 12 степени.


