Актуелно
Почна новогодишното украсувањето на Скопје
Почна украсувањето на Скопје во пресрет на новогодишните и божикните празници. Новогодишното украсување ќе го реализира фирмата „Линк Медиа“, која понуди најниска цена на јавниот повик, за што ќе бидат издвоени околу 10.400.000 денари.
Град Скопје информира дека главна цел е да се понудат естетски решенија за плоштадот и централното градско подрачје.
Годинава ќе бидат поставени две новогодишни елки, една на плоштадот „Македонија“ и една на булеварот „Илинден“, кај Зоолошката градина. Новогодишната елка на плоштадот „Македонија“ ќе биде висока 18 метри, а и самиот плоштад ќе биде накитен со светлосни и други украсни елементи. Новогодишната елка кај ЗОО ќе биде висока девет метри и ќе биде накитена со светлосни декоративни елементи.



