Вести
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Најстудено во Петровец и Берово
Најниска температура од минус 4 степени целзиусови изутрина во 7 часот и 30 минути е измерена во Скопје-Петровец и во Берово. Минус три степени се регистрирани во Тетово, – 2 во Битола и во Струмица, -1 во Демир Капија и Куманово, 0 во Кавадарци, Прилеп, Штип, Крива Паланка, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Маврово и Гевгелија, 2 во Охрид и Лазарополе…
Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде сончево, а попладне со слаб до умерен северен ветер. Максималните температури ќе бидат во интервал од 14 до 21 степен.
