Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно и нестабилно, попладне пороен дожд и грмежи

Актуелно

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно и нестабилно, попладне пороен дожд и грмежи

Променливо облачно и нестабилно со повремен дожд, кој во попладневните часови ќе биде пороен проследен со грмежи.

Поизразена нестабилност ќе има во северните и југозападните делови, каде локално се очекува процесите да бидат поинтензивни со обилен пороен дожд (над 30л/м2), електрични празнења, засилен ветер и со услови за изолирана појава на град. Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 15 до 22, а дневната од 28 до 35 степени..УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 21,  а дневната  ќе достигне до  33 степени.

Во вторник ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд, кој во попладневните часови ќе  биде пороен проследен со грмежи. Во среда ќе има локална нестабилност, а потоа во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и суво.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.