Актуелно
Охрид полн со туристи за празничниот викенд
Продолжениот празничен викенд, летните горештини го наполнија Охрид и ривиерата со гости. Веќе традиција стана Охрид шпицот на туристичката сезона да го достигнува токму за празникот Илинден, така што градот и туристичките населби повторно наликуваат на најдобрите времиња кога во градот се бараше легло повеќе.Плажите на езерото вријат со туристи, чаршијата во градот е тесна да ги прими сите посетители, а слично е и во Стариот дел на Охрид каде има голем број туристи кои групно или индивидуално ги посетуваат културно-историските споменици.
Зголемената фраквенција на возила во овој временски период направи метеж во сообраќајот, тесните градски и приградски улици и патишта тешко го примаат тој огромен наплив на возила така што кон и од плажите се вози бавно и во колони. Во текот на вчерашниот ден до Охрид од поодалачените места на крајбрежјето патувањето во поладневните часови траеше и повеќе од два часа.
Иако политичките случувања во земјата на почетокот на сезоната предизивика стравувања кај угостителите и хотелиерите во Охрид за тоа колку истата ќе биде успешна со оглед на почетните откажувања на одреден број аранжмани, сепак од Локалната самоурава со очекувања за успешна сезона.



