Вести
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно и посвежо со врнежи – од понеделник затоплување
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Температурата ќе опадне за четири до пет степени.
Утринската температура ќе се движи од шест до 12 степени, а дненвата од 16 до 23 степени.


