Вести
ВО МАЈ НЕМА ДА РАБОТИМЕ ДВА ДЕНА: Погледнете кои се неработните денови до крајот на годината!
Два неработни дена овој мај! Неработни дена за сите граѓани се 1 мај (понеделник) – Денот на трудот и 24 мај (среда) – Ден на сесловенските просветители, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Покрај овие два неработни дена за сите граѓани, неработен само за граѓаните припадници на влашката заедница е 23 мај (вторник) – Национален ден на Власите.
Од Министерството потенцираат дека согласно Законот за празниците на Република Македонија и Програмата на неработни денови за 2017 година, 25 јуни (недела) Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 26 јуни (понеделник) е неработен ден.



