Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно, со локален дожд и температура до 13 степени – од сабота сонце и затоплување на времето

Актуелно

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно, со локален дожд и температура до 13 степени – од сабота сонце и затоплување на времето

Времето во Македонија ќе биде облачно. Во претпладневните часови ќе има врнежи од локален дожд, но со послаб интензитет, повеќе ќе бидат застапени во источните делови на земјава. Во попладневните часови врнежите ќе престанат, а ќе има и сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната од девет до 13 степени.

Во Скопје изутрината ќе има услови за слаб дожд, а преку денот врнежите ќе престанат. Ќе има и сончеви периоди, а ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Од сабота следува период на стабилно и суво време. Утрата ќе бидат релативно студени, а преку денот ќе има затоплување, односно температурата на воздухот ќе биде во благ пораст.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.