Актуелно
Македонија го одбележува Денот на македонската револуционерна борба
Во Република Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
По овој повод владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, како и делегација од Градот Скопје предводена од градоначалникот Коце Трајановски ќе положат цвеќе пред споменикот на основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација во паркот „Жена борец“, наспроти Собранието на Република Македонија.
Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ денеска напладне во Собранието на Република Македонија ќе ја додели државната награда „23 Октомври“ за 2015 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.


