Актуелно
Времето денес: Облачно со повремен дожд и засилен северен ветер
Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со услови за појава на локален дожд, особено во претпладневните часови во источните делови од земјата. Преку денот ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Особено засилен ќе биде долж Повардарието.
Во попладневните часови облачноста ќе се намалува и ќе има се почести сончеви периоди.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 17 степени, а дневната од 20 до 28 степена.



