Актуелно
Корчагинци најдобри на екстерното тестирање: Просечната оценка е 3,26
Во сите основни и средни училишта денеска се истакнати резултатите од екстерото тестирање, по чија обработка е констатирана просечна оценка на постигнувањата на учениците од 3,26. Минатата година просечната оценка на постигнувањата беше 3,6, соопшти Државниот испитен центар.
– Учениците ќе можат да ги погледнат оценките кои ги добиле и почнувајќи од утре 26 јуни, а заклучно со 30 јуни (вторник) ќе можат да поднесуваат приговори до Училишната комисија. При поднесување на приговорот ученикот има право на увид во тестот, се вели во соопштението од Центарот.
Најдобри постигнувања на екстерното тестирање на општинско ниво имаат општините Центар – 4,59, Вевчани – 4,58, Аеродром – 4-44, Карпош – 4,40 и Кисела Вода – 4,26.



