Вести
Времето денес: Претпладне сонце, попладне дожд
Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има развој на локална нестабилност особено во северните делови со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од 21 до 28 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и грмежи.


