Вести
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Претпладне сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 18 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.


