Вести
НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Нестабилна облачност со пороен дожд и грмотевици над скопското подрачје
Нестабилна облачност во моментов има над скопското подрачје, која се движи од југ кон север – североисток, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Се очекува да се задржи во вид на невреме над делови од Скопје во наредниве час до два, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
УХМР соопшти дека на севрозападот и крајниот исток од земјава попладнево имаше нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи и дуваше умерен јужен ветер.
До крајот на денот на места се уште ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Во текот на ноќта атмосферата ќе се стабилизира.



