Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно, магла по котлините
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со магла по котлините. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува, во североисточните делови од земјава има услови за краткотраен локален дожд. По одделни котлини ќе биде магливо. Ќе дува слаб северозападен ветер, особено на повисоките места и на планините.
Температурата ќе се движи од пет до 12 степени.
