Актуелно
Минусни температури низ Македонија – од утре затоплување!
Најниска температура во Македонија во седум часот изутрина, од минус шест степени, е измерена во Берово, минус три степени се регистрирани во Струмица и Демир Капија, минус два во Скопје – Петровец, Крива Паланка, Гевгелија и Штип, минус еден во Дебар и во Куманово.
Во Скопје – Зајчев рид, Тетово и Виница, нула степени, еден степен во Маврово и Прилеп, два во Дојран, Претор, Крушево, три во Битола, а во Охрид четири степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.


