Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно, повремен дожд и ветер

Актуелно

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно, повремен дожд и ветер

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, наместа со повремени врнежи од дожд, а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во вечерните часови врнежите ќе престанат, а во текот на денот и во попладневните часови ќе дува умерен ветер долж Повардарието и засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 24 до 32 степени.

Во Скопје, слично време, променливо облачно, посвежо и ветровито со повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а локална нестабилност повторно се очекува во петок попладне. Во среда максималната температура ќе се движи од 26 до 33 степени, а во четврток од 28 до 35.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.