Актуелно
Гостиварец убиен по банална расправија
Дваесет и четири годишен гостиварец, синоќа починал откако бил застрелан со еден куршум во стомакот. На трагичниот исход му претходела расправија со едно лице околу наводен сообраќаен прекршок.
За случајот повеќе детали се очекуваат во текот на денот, откако јавен обвинител ќе ги заокружи истаражните активности кои започнале синоќа со увидот.
Според очевидци, трагичниот настан се случил на улицата „Седек Костовски“ во близина на порашениот Жито Шар околу 22 часот. Наводно, 24 годишникот возејќи се со автомобил „голф“ застанал пред возилото на осомничениот за убиството и почнале расправија. Во расправијата биле испукани повеќе куршуми, а еден завршил во стомакот на помладиот возач.



