Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со локален дожд
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во југозападните делови. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер кој повеќе ќе биде изразен долж Поврдарието.
Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 14 до 21 степен.
Во Скопје слично време, променливо облачно и посвежо, попладне со повремен дожд и со умерен повремено засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 18 степени.



