Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и студено – слаб снег за Нова година

Вести

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и студено – слаб снег за Нова година

Во Берово утрово беа измерени – 11 степени, во  Штип, Демир Капија и Струмица – 8, во Битола – 7, во Скопје, Дебар, Тетово и Крива Паланка – 6, во Прилеп и Куманово -5, во Лазарополе, Виница и Маврово – 4, во Претор и Охрид – 3, во Гевгелија -2, Пожаране и Ѓуриште – 1, во Тополчани и Крушево 0 и во Дојран 1 степен.

Во текот на ноќта и изутринава времето беше ведро и претежно тивко. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Температура ќе достигне до 8 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време, односно ќе преовладува умерено, наместа значително облачно со услови за изолирана појава на краткотраен слаб дожд, а на планините ќе има услови за провејување на слаб снег, соопшти УХМР.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.