Вести
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и топло, наутро магла
Времето денеска во Македонија ќе биде стабилно и суво. Во западните делови ќе биде претежно сончево, а во останатите во утринските часови ќе има појава на магла и мала до умерена облачност, но кон средината на денот ќе биде сончево.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините.
Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од 14 до 20 степени.



