Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево, попладне краткотраен дожд
Времето денеска ќе биде сончево со умерена, а на места и значителна облачност и со слаб до умерен јужен ветер, особено во југоисточните делови. Доцна попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, најпрво во западните, а потоа и во источните делови.
Утринската температурата ќе се движи од пет до 13, а дневната од 22 до 28 степени.
Во Скопје слично време со температура од 11 до 26 степени.



