Вести
Времето денес: Сончево со умерена облачност
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 20 до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 25 степени.


