Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево со умерена облачност – топло за време на продолжениот викенд
Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во западните и југозападните подрачја не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Температурата ќе се движи од 22 до 33 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.


