Актуелно
Стартува „Илинденскиот марш 2016“
Илинденскиот марш 2016“ стартува денеска во 17:30 часот од паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, која е традиционално покровител на овој Коњички марш, а ќе заврши на 2 август во Крушево, каде што треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.
Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски се очекува на коњаниците да им го предаде општинското знаме, со што официјално стартува 38.Традиционален коњички марш што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.
Дваесет и пет коњаници придружувани од фаланга составена од дваесетина членови, игроорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.



