Актуелно
Wizz Air со нов начин на селекција на седишта за патниците
Wizz Air најголемата ниско-буџетна авио-компанија во Централна и Источна Европа, во четврток најави дека од 15 мај ќе го претстави новиот начин на селекција на седишта за да го подобри искуството и задоволството на своите патници.
Имено на селектирани рути од 4ти мај 2015 година и од 19 мај 2015 година на сите Wizz рути, патниците ќе можат да уживаат во автоматска и бесплатна селекција на седишта, кое што ќе стане дел од процесот на резервација од 8ми април. Wizz Air ќе дозволува кога е можно да се селектираат соседни седишта на истата резервација кога патниците патуваат заедно.
Потрошувачите ќе можат да ги менуваат нивните бесплатни седишта и да селектираат друго седиште за надоместок од 1€ на wizzair.com или на WIZZ мобилната апликација во било кое време, три часа пред летот. Преферираните седишта, со повеќе простор за нозете или, пак, во прв ред седишта за брзо излегување можат да бидат резервирани со повисок надомест со оглед на достапноста на истото врз основа кој прв пристигне, тој прв ќе биде услужен.



